9. не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив: благословувајте, знаејќи дека за тоа сте повикани за да наследите благослов.
10. „Зашто, кој го сака животот и сака да види добри денови, нека го пази јазикот свој од зло, и усните негови да не зборуваат лаги.
11. Нека одбегнува зло и нека прави добро, нека бара мир и нека се стреми кон него –
12. бидејќи очите на Господ се вперени кон праведните, и ушите Негови – кон нивните молитви, а лицето Господово е против оние кои прават зло за да ги истреби од земјата.“
13. И кој ќе ви направи зло, ако правите добро?
14. Но, ако и страдате за правда, блажени сте; не плашете се од она од што тие се плашат и не бојте се;
15. туку Господ Бог почитувајте Го во срцата свои; а бидете секогаш подготвени со кротост и страхопочит за одговор на секого кој од вас ќе побара сметка за вашата надеж.