1. Гледајте колку голема љубов ни дал Отецот – да бидеме наречени чеда Божји, а тоа и сме! Затоа светот не нѐ знае, зашто не Го спозна Него.
2. Возљубени, сега сме чеда Божји! Но уште не се покажа што ќе бидеме. Знаеме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, зашто ќе Го видиме каков што е.
3. И секој што ја има таа надеж во Него, се очистува самиот себе, како што е чист Тој.
4. Секој што прави грев, прави и беззаконие; и гревот е беззаконие.