Нов Завет

Римјаните 16:6-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Поздравете ја Маријам, која многу се грижеше за вас.

7. Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите сонародници и созатвореници, кои се прочуени меѓу апостолите и кои уште пред мене станаа Христови.

8. Поздравете ми го возљубениот во Господ Амплијат!

9. Поздравете го нашиот соработник во Христос Урбан и мојот возљубен Стахиј!

10. Поздравете го докажаниот верник во Христос Апелија! Поздравете ги до­машните од Аристовуловото семејство!

11. Поздравете го мојот сонародник Иродион! Поздравете ги домашните на Наркис, тие, кои се во Господ.

12. Поздравете ги Трифен и Трифос, трудбеничките за Господ. Поздравете ја почитуваната Персида, која многу се трудеше за Господ.

13. Поздравете го избраниот во Господ Руф, како и неговата и моја мајка!

14. Поздравете ги Асинкрит, Флегонт, Ермин, Патрова, Ерма и браќата со нив!

15. Поздравете ги Филолог и Јулија, Ниреја и неговата сестра, и Олимпа и сите со нив светии!

16. Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат сите цркви Христови!

17. Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои предизвикуваат раскол и соблазни против учењето кое сте го научиле и бегајте од нив!

18. Зашто таквите не Му служат на на­шиот Господ Исус Христос, туку на стомакот свој, и со слатки и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните.

19. Вашата послушност во верата на сите им е позната: затоа јас се радувам за вас, но сакам да бидете мудри во доб­рото и прости во злото.

Прочитајте целосна глава Римјаните 16