3. Поздравете ги Прискила и Акила, моите соработници во Христос Исус,
4. кои за мојата душа ја положија својата глава; ним им благодарам не само јас, туку и сите цркви од скорообратените незнабошци и нивната домашна црква.
5. Поздравете го мојот возљубен Епенет, кој е првиот плод во Христос во Ахаја.
6. Поздравете ја Маријам, која многу се грижеше за вас.
7. Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите сонародници и созатвореници, кои се прочуени меѓу апостолите и кои уште пред мене станаа Христови.
8. Поздравете ми го возљубениот во Господ Амплијат!
9. Поздравете го нашиот соработник во Христос Урбан и мојот возљубен Стахиј!
10. Поздравете го докажаниот верник во Христос Апелија! Поздравете ги домашните од Аристовуловото семејство!