Нов Завет

Римјаните 15:14-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. И јас сум уверен за вас, браќа мои, дека и вие сте полни со добрина, исполнети со секакво знаење и дека можете да се поучувате еден со друг.

15. Но ви пишав, браќа, нешто малку послободно, за да ве потсетам со благодатта што Бог ми ја даде,

16. за да Му бидам служител на Исус Христос меѓу незнабошците и свеште­но­дејствено да го извршувам Божјото Евангелие, за да бидат незнабошците благопријатен принос, осветен од Све­тиот Дух.

17. И така, со тоа можам да се по­фа­лам во Исус Христос кај Бога,

18. зашто не се осмелувам да говорам за она што Христос не го извршил пре­ку Мене со зборови и дела,

19. со силата на знаци и чуда, со силата на Божјиот Дух, која ги води незнабошците кон послушност во верата, така што Евангелието Христово го распро­стра­нува од Ерусалим и неговата око­лина и сѐ до Илирик.

20. И така, се погрижив да го про­по­ведам Евангелието не таму каде што името Христово беше веќе познато, за да не ѕидам врз туѓ темел.

21. Но, како што е напишано: „Оние, на кои не им е јавено за Него, ќе видат; и оние што не беа чуле, ќе разберат.“

22. Токму тоа многупати ме попречу­ваше да дојдам кај вас.

23. Сега, пак, бидејќи нема веќе место за мојата работа во овие земји, а уште од пред многу години копнеев да дојдам кај вас,

24. кога ќе тргнам за Шпанија, се надевам дека ќе ве видам на минување и де­ка натаму вие ќе ме испратите, откако најнапред ќе ви се порадувам.

25. А сега одам во Ерусалим за да им послужам на светиите,

26. зашто Македонија и Ахаја одлучија да дадат некаков прилог за сиро­ма­ш­ни­те светии во Ерусалим.

27. Тие така тоа го одлучија, а и дол­жни им се. Бидејќи, ако незнабошците станаа соучесници во нивните духовни блага, тогаш тие се должни ним да им служат со материјални блага.

28. А откако ќе го направам ова и ќе им го запечатам овој плод, преку ва­ша­та земја ќе заминам за Шпанија.

Прочитајте целосна глава Римјаните 15