4. Но имам нешто против тебе, зашто ја остави својата прва љубов.
5. Спомни си од каде си паднал и покај се, и врши ги поранешните дела; ако не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам свеќникот твој од местото негово, ако не се покаеш.
6. А ова го имаш: ги мразиш делата на николаитите, кои и Јас ги мразам.
7. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на Црквите: – на оној што победува ќе му дадам да јаде од дрвото на животот што е сред Божјиот рај.
8. И на ангелот на Смирненската црква напиши му: така вели Првиот и Последниот, Кој беше мртов и еве оживеа:
9. ги знам твоите дела, скрбта и сиромаштијата – но ти си богат: и хулењата на оние, кои за себе велат дека се Јудејци, а не се, туку се сатанска збирштина.
10. Не плаши се воопшто од она што ќе треба да го истрпиш. Ете, ѓаволот некои од вас ќе фрли в затвор за да ве искуша, и ќе бидете нажалени десетина дни. Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот.
11. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на победникот, втората смрт нема да му нанесе штета.
12. А на ангелот на Пергамската црква напиши му: вака вели Оној Кој држи меч со две острици:
13. ги знам делата твои, каде живееш, каде е престолот на сатаната, и дека го држиш името Мое, и дека не се одрече од верата Моја дури и во деновите кога Мојот верен сведок Антипа беше убиен меѓу вас, во чија средина живее сатаната.
14. Но за неколку работи сум против тебе, зашто имаш таму некои што го држат учењето на Валаам, кој го учеше Валака да ги наведе на грев синовите Израилеви, та да јадат жртви идолски и да блудствуваат.
15. А имаш и некои што го држат учењето на николаитите, кое го мразам.
16. Покај се! Ако, пак, не, скоро ќе ти дојдам и ќе стапам во борба против нив со мечот на устата Своја.
17. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на оној што победува ќе му дадам да јаде од сокриената мана и ќе му дадам бело камче и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, што го добива!
18. И на ангелот на Тиатирската црква напиши му: ова го вели Синот Божји, Чии очи се како огнен пламен, а нозете слични на усвитена бронза: