Нов Завет

Откровение 2:2-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. ги знам делата твои, трудот твој и трпението твое, и дека не можеш да ги поднесеш лошите; знам дека си ги испитал оние што себеси се нарекуваат апостоли, а не се, и дека си утврдил де­ка се лажговци;

3. дека имаш трпение, дека си поднесувал за името Мое и дека не си се уморил.

4. Но имам нешто против тебе, зашто ја остави својата прва љубов.

5. Спомни си од каде си паднал и покај се, и врши ги поранешните дела; ако не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам свеќникот твој од местото негово, ако не се покаеш.

6. А ова го имаш: ги мразиш делата на николаитите, кои и Јас ги мразам.

7. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на Црквите: – на оној што победува ќе му дадам да јаде од дрвото на животот што е сред Божјиот рај.

8. И на ангелот на Смирненската црк­ва напиши му: така вели Првиот и Пос­ледниот, Кој беше мртов и еве ожи­веа:

9. ги знам твоите дела, скрбта и сиромаштијата – но ти си богат: и хулењата на оние, кои за себе велат дека се Ју­деј­ци, а не се, туку се сатанска збирштина.

10. Не плаши се воопшто од она што ќе треба да го истрпиш. Ете, ѓаволот не­кои од вас ќе фрли в затвор за да ве ис­куша, и ќе бидете нажалени десетина дни. Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот.

11. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на победникот, втората смрт нема да му нанесе штета.

12. А на ангелот на Пергамската црква напиши му: вака вели Оној Кој држи меч со две острици:

13. ги знам делата твои, каде живееш, каде е престолот на сатаната, и дека го држиш името Мое, и дека не се одрече од верата Моја дури и во деновите кога Мојот верен сведок Антипа беше убиен меѓу вас, во чија средина живее сатаната.

14. Но за неколку работи сум против тебе, зашто имаш таму некои што го држат учењето на Валаам, кој го учеше Валака да ги наведе на грев синовите Израилеви, та да јадат жртви идолски и да блудствуваат.

15. А имаш и некои што го држат уче­њето на николаитите, кое го мразам.

16. Покај се! Ако, пак, не, скоро ќе ти дојдам и ќе стапам во борба против нив со мечот на устата Своја.

17. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на оној што по­бе­дува ќе му дадам да јаде од сокриената мана и ќе му дадам бело камче и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, што го добива!

Прочитајте целосна глава Откровение 2