Нов Завет

Откровение 2:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. На ангелот на Ефеската црква напиши му: ова го вели Оној Кој ги држи седумте ѕвезди во десницата Сво­ја, Кој оди среде седумте свеќници;

2. ги знам делата твои, трудот твој и трпението твое, и дека не можеш да ги поднесеш лошите; знам дека си ги испитал оние што себеси се нарекуваат апостоли, а не се, и дека си утврдил де­ка се лажговци;

3. дека имаш трпение, дека си поднесувал за името Мое и дека не си се уморил.

4. Но имам нешто против тебе, зашто ја остави својата прва љубов.

5. Спомни си од каде си паднал и покај се, и врши ги поранешните дела; ако не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам свеќникот твој од местото негово, ако не се покаеш.

6. А ова го имаш: ги мразиш делата на николаитите, кои и Јас ги мразам.

7. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на Црквите: – на оној што победува ќе му дадам да јаде од дрвото на животот што е сред Божјиот рај.

8. И на ангелот на Смирненската црк­ва напиши му: така вели Првиот и Пос­ледниот, Кој беше мртов и еве ожи­веа:

Прочитајте целосна глава Откровение 2