2. И видов нешто како стаклено море, измешано со оган; и оние што го победија ѕверот и неговата биста, неговиот белег и бројот на неговото име, стоеја на тоа стаклено море и имаа харфи Божји.
3. И ја пееја песната на Мојсеј, Божјиот слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи и чудесни се делата Твои, Господи Боже Седржителе! Праведни и вистинити се Твоите патишта, Царе на народите!
4. Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави името Твое? Зашто само Ти си свет; зашто сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе; бидејќи се појавија Твоите праведни судови!“
5. Потоа видов: ете, на небото се отвори храмот на скинијата на собранието.
6. И излегоа од храмот седумте ангели, што ги држеа седумте зла, облечени во чисти и светли облеки од ленено платно и опашани преку градите со златни појаси.
7. И едно од четирите животни на седумте ангели им даде седум златни чаши, полни со гневот на Бога, Кој живее во вечни векови.
8. И се исполни храмот со дим од славата на Бога и од силата Негова, и никој не можеше да влезе во храмот додека не се извршија седумте казни на седумте ангели.