Нов Завет

Откровение 11:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И ми се даде мерна трска слична на жезол, и ми се рече: „Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние што се поклонуваат во него.

2. А дворот пред храмот остави го и не мери го, бидејќи им е даден на нез­набошсите: тие ќе го газат светиот град четириесет и два месеци.

3. И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, и тоа облечени во вреќи, да проро­куваат илјада двесте и шеесет дена.“

4. Тие се двете маслинови дрвца и два­та светилника што стојат пред Гос­по­да­рот на Земјата.

5. И, ако некој сака да им направи неправда, оган ќе излезе од устата нив­на и ќе ги проголта нивните неприја­те­ли; да, така треба да биде убиен оној што ќе посака тоа да го направи.

6. Тие ќе имаат власт да го затворат небото за да не паѓа дожд во деновите на нивното пророкување, и ќе имаат власт над водите да ги претвораат во крв и да ја поразат земјата со секаква мака, кога ќе посакаат.

7. И кога ќе го завршат сведоштвото, тогаш ѕверот, кој ќе излезе од бездната, ќе им објави војна и ќе ги победи, и ќе ги убие.

8. А труповите нивни ќе ги остави по улиците на големиот град, кој духовно се нарекува Содом и Египет, каде што и нивниот Господ беше распнат.

9. И многу од народите и племињата и јазиците ќе ги гледаат нивните трупови три и пол дена и нема да дозволат нив­ните трупови да бидат погребани во гробови.

10. И жителите на земјата ќе се зарадуваат и развеселат поради нив, и ќе си праќаат подароци еден на друг, бидејќи тие два пророка ги мачеа оние што жи­веат на земјата.

Прочитајте целосна глава Откровение 11