Нов Завет

Марко 7:27-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

27. Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се нахранат децата; зашто не е право да се земе лебот од децата и да им се фрли на кучињата.“

28. А таа одговори и Му рече: „Да, Гос­поди! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на децата.“

29. И ѝ рече: „За ова што го рече – оди си! Демонот излезе од ќерка ти.“

30. И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.

31. И пак излезе Исус од пределите Тирски и Сидонски и отиде кон Гали­лејското Море, низ пределите на Десет­тоградието.

32. И доведоа кај Него еден глув и тепкав, па Го молеа да положи над него ра­ка.

33. Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во не­го­вите уши; а кога плукна, го допре не­го­виот јазик;

34. потоа погледна на небото, воздивна и му рече: „Ефата!“ – што значи: „Отво­ри се!“

35. И веднаш му се отвори слухот, и се разврзаа врските на неговиот јазик и говореше чисто.

36. И им заповеда никому да не ка­жу­ваат. Но, колку повеќе Тој им забрануваше, толку повеќе тие разгласуваа.

Прочитајте целосна глава Марко 7