поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Нов Завет

Марко 7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Расправија за преданијата

1. Се собраа кај Него фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим.

2. И кога видоа дека некои од Не­го­ви­те ученици јадат леб со нечисти, односно со немиени раце, ги укорија.

3. Зашто фарисеите и сите Јудејци, др­жејќи го преданието на старите, не ја­дат, дури не ги измијат рацете до лакти­те;

4. и кога ќе се вратат од пазар, не ја­дат, дури не се измијат; и уште многу друго има што примиле и го држат; ми­ење чаши, чинии, котли и столови.

5. Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на ста­рите, но со неизмиени раце јадат леб?“

6. А Тој им одговори и рече: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‚Овој народ со уста Ме почитува, но срцето им е да­ле­ку од Мене;

7. но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘

8. Зашто, вие, оставајќи ја Божјата за­повед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“

9. И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите ва­шето предание.

10. Зашто Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.‘

11. А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: она, со кое би можел да те издржувам е корбан, односно, прилог‘,

12. тогаш не му оставате ве­ќе ништо да стори за својот тат­ко или за својата мајка,

13. укинувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; многу такви слични работи вр­ши­те.“

14. И кога го повика сиот народ, им ре­че: „Слушајте Ме сите и разберете:

15. ништо, што влегува во устата на чо­векот однадвор, не може да го ос­квер­ни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот.

16. Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“

17. И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата.

18. А Тој им рече: „Зар сте и вие така неразумни? Не разбирате ли дека ниш­то, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни?

19. Зашто, тоа не оди во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чис­теј­ќи ја сета храна.“

20. И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.

21. Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодеј­ства, блудства, убиства,

22. кражби, лакомства, злоби, лукав­ства, развртат, око завидливо, богохулство, гордост, безумство.

23. Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.“

Верата на една жена

24. И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го дознае. Но не можеше да се сокрие.

25. Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па дојде и пад­на пред нозете Негови.

26. А таа жена беше друговерка, по по­текло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ.

27. Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се нахранат децата; зашто не е право да се земе лебот од децата и да им се фрли на кучињата.“

28. А таа одговори и Му рече: „Да, Гос­поди! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на децата.“

29. И ѝ рече: „За ова што го рече – оди си! Демонот излезе од ќерка ти.“

30. И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.

Исцелувањето на глувонем

31. И пак излезе Исус од пределите Тирски и Сидонски и отиде кон Гали­лејското Море, низ пределите на Десет­тоградието.

32. И доведоа кај Него еден глув и тепкав, па Го молеа да положи над него ра­ка.

33. Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во не­го­вите уши; а кога плукна, го допре не­го­виот јазик;

34. потоа погледна на небото, воздивна и му рече: „Ефата!“ – што значи: „Отво­ри се!“

35. И веднаш му се отвори слухот, и се разврзаа врските на неговиот јазик и говореше чисто.

36. И им заповеда никому да не ка­жу­ваат. Но, колку повеќе Тој им забрануваше, толку повеќе тие разгласуваа.

37. И прекумерно се чудеа и велеа: „Сѐ добро прави: и глувите ги прави да слу­шаат и немите да зборуваат!“