Нов Завет

Марко 7:17-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата.

18. А Тој им рече: „Зар сте и вие така неразумни? Не разбирате ли дека ниш­то, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни?

19. Зашто, тоа не оди во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чис­теј­ќи ја сета храна.“

20. И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.

21. Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодеј­ства, блудства, убиства,

22. кражби, лакомства, злоби, лукав­ства, развртат, око завидливо, богохулство, гордост, безумство.

23. Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.“

24. И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го дознае. Но не можеше да се сокрие.

25. Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па дојде и пад­на пред нозете Негови.

26. А таа жена беше друговерка, по по­текло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ.

27. Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се нахранат децата; зашто не е право да се земе лебот од децата и да им се фрли на кучињата.“

28. А таа одговори и Му рече: „Да, Гос­поди! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на децата.“

29. И ѝ рече: „За ова што го рече – оди си! Демонот излезе од ќерка ти.“

30. И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.

Прочитајте целосна глава Марко 7