Нов Завет

Марко 4:21-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. И им рече: „Зар се внесува светило за да се стави под поклопец или под кревет? Не затоа ли, да се стави на свеќник?

22. Зашто нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту пак, нешто сокриено, што нема да излезе на видело.

23. Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“

24. И им велеше: „Внимавајте на она што слушате: со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придодаде, вам што слушате.

25. Зашто, кој има, нему ќе му се даде; а кој нема, од него ќе се одземе и она што го има.“

26. Па рече: „Царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја,

27. па спие, и станува ноќе и дење; а ка­ко никнува и како расте семето, тој не знае.

28. Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебленце, па клас, а потоа и полно зрно во класот.

29. А кога ќе узрее плодот, веднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва.“

30. И говореше: „Со што да го спо­редиме царството Божјо или со каква парабола да го прикажеме?

31. Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите земни семиња;

32. а кога ќе се посее, израснува и ста­нува поголемо од сите зеленчуци, и пуш­та големи гранки, така што под неговата сенка можат да се вгнездат пти­ците небески.“

33. И со многу такви параболи им го проповедаше словото, колку што мо­жеа да слушаат.

Прочитајте целосна глава Марко 4