Нов Завет

Марко 4:13-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. И им рече: „Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги раз­бе­рете сите параболи?

14. Сејачот го сее словото.

15. Посеаното покрај патот се оние, кај кои се сее словото, но кај кои, откако ќе го чујат, веднаш доаѓа са­та­ната и им го грабе словото, посеано во срцата нивни.

16. Исто така и посеаното на каменито место се оние, кои, штом го чујат словото, веднаш со радост го при­ма­ат,

17. но немаат во себе корен и се непостојани; па, кога ќе настане неволја или гонење заради словото, веднаш се соб­лазнуваат.

18. Посеаното во трње ги означува оние што го слушаат словото,

19. но грижите за овој век, примамли­во­то богатство и други желби, кои, кога ќе се вселат во нив, го задушуваат сло­вото и тоа останува бесплодно.

20. А посеаните зрна на добра земја се оние, што го слушаат словото и го при­ма­ат и донесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто.“

21. И им рече: „Зар се внесува светило за да се стави под поклопец или под кревет? Не затоа ли, да се стави на свеќник?

22. Зашто нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту пак, нешто сокриено, што нема да излезе на видело.

23. Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“

Прочитајте целосна глава Марко 4