Нов Завет

Марко 2:3-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. И дојдоа кај Него со еден фатен, кого го носеа четворица;

4. па, бидејќи не можеа да пријдат до Него од народот, го открија и го пробија покривот од куќата, каде што беше Тој и ја спуштија постелката, на која лежеше фатениот.

5. А Исус, кога ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Синко, ти се простуваат гревовите твои!“

6. Таму седеа некои од книжниците и си помислија во срцата свои:

7. „Што хули Овој на Бога? Кој може да простува гревови, освен еди­ни­от Бог?“

8. Исус, веднаш штом дозна со Својот дух дека тие така мислат во себе, им ре­че: „Зошто го помислувате тоа во срцата свои?

9. Што е полесно да му кажам на фате­ни­от: ‚ти се простуваат гре­во­ви­те‘, или да речам: ‚Стани, земи ја пос­телката своја и оди‘?

10. Но за да знаете дека Синот Чо­веч­ки има власт на земјата да ги простува гревовите“ – му рече на фатениот –

11. „Тебе ти велам: стани, земи ја пос­телката своја и оди си дома!“

12. И тој стана веднаш, па, штом ја зеде постелката, излезе пред сите – така што сите се восхитуваа и Го славеа Бо­га, велејќи: „Никогаш вакво нешто не сме виделе!“

13. И излезе Исус пак покрај морето, и сиот народ доаѓаше кај Него, и Тој ги поучуваше.

14. И минувајќи, го виде Левиј Ал­феев, кој седеше на царинарницата и му рече: „Врви по Мене!“ Тој стана и тргна по Него.

15. А кога седеше Исус на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и учениците Негови, и многу цариници и грешници; зашто тие беа мно­зи­на и врвеа по Него.

16. Книжниците и фарисеите, штом Го видоа како јаде со цариници и греш­ници, им рекоа на учениците Не­го­ви: „Зошто Тој со цариници и грешници јаде и пие?“

17. Кога го чу тоа Исус, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, ту­ку болните. Не сум дошол да ги пови­кам праведниците, туку грешниците на покајание.“

Прочитајте целосна глава Марко 2