Нов Завет

Марко 2:15-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. А кога седеше Исус на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и учениците Негови, и многу цариници и грешници; зашто тие беа мно­зи­на и врвеа по Него.

16. Книжниците и фарисеите, штом Го видоа како јаде со цариници и греш­ници, им рекоа на учениците Не­го­ви: „Зошто Тој со цариници и грешници јаде и пие?“

17. Кога го чу тоа Исус, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, ту­ку болните. Не сум дошол да ги пови­кам праведниците, туку грешниците на покајание.“

Прочитајте целосна глава Марко 2