13. И излезе Исус пак покрај морето, и сиот народ доаѓаше кај Него, и Тој ги поучуваше.
14. И минувајќи, го виде Левиј Алфеев, кој седеше на царинарницата и му рече: „Врви по Мене!“ Тој стана и тргна по Него.
15. А кога седеше Исус на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и учениците Негови, и многу цариници и грешници; зашто тие беа мнозина и врвеа по Него.
16. Книжниците и фарисеите, штом Го видоа како јаде со цариници и грешници, им рекоа на учениците Негови: „Зошто Тој со цариници и грешници јаде и пие?“