3. па си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?“
4. И кога погледнаа, видоа дека каменот е одвален, а тој беше многу голем.
5. Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уплашија.
6. А тој им рече: „Не плашете се! Вие Го барате Исус од Назарет, Распнатиот. Тој воскресна, не е овде! Еве го местото каде што го положија.
7. Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петар дека Тој пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.“
8. Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, зашто се плашеа.
9. А Исус, кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најнапред на Марија Магдалена, од која беше истерал седум демони.
10. Таа отиде и им јави на оние, што беа со Него и што плачеа и ридаа;
11. Но тие, кога чуја дека е Он жив и дека таа Го видела, не поверуваа.