Нов Завет

Марко 16:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Штом мина саботата, Марија Магдалена, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и да Го помазаат Исуса.

2. И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгрева­ше сонцето,

3. па си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?“

4. И кога погледнаа, видоа дека ка­ме­нот е одвален, а тој беше многу голем.

5. Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уп­ла­шија.

6. А тој им рече: „Не плашете се! Вие Го барате Исус од Назарет, Распнатиот. Тој воскресна, не е овде! Еве го местото каде што го положија.

7. Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петар дека Тој пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.“

8. Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, зашто се пла­шеа.

9. А Исус, кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најнапред на Марија Магдалена, од која беше исте­рал седум демони.

10. Таа отиде и им јави на оние, што беа со Него и што плачеа и ридаа;

11. Но тие, кога чуја дека е Он жив и дека таа Го видела, не поверуваа.

12. Потоа им се јави во друг лик на двај­ца од нив по пат, кога одеа в село.

13. И штом се вратија, тие им кажаа на другите; но и ним не им поверуваа.

Прочитајте целосна глава Марко 16