Нов Завет

Марко 13:25-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

25. и ѕвездите ќе паѓаат од небото, и си­лите, што се на небото, ќе се раз­ни­ша­ат.

26. И тогаш ќе Го видат Синот Чо­веч­ки, како иде на облаци со голема сила и слава.

27. Тогаш Тој ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.

28. Научете ја параболата од смоквата: кога нејзините гранки се подмладуваат и пуштаат лисја, знаете дека е близу ле­тото.

29. Па така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека е близу, пред врата!

30. Вистина ви велам: нема да помине овој род, додека сето тоа не се случи.

31. Небото и земјата ќе минат, но зборовите Мои нема да минат!“

32. „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот.

33. Внимавајте, бидете будни и молете се, зашто не знаете кога ќе биде часот.

34. Како човек, кој заминувајќи, ја ос­тава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому своја работа, и на вратарот му заповеда да биде буден.

35. Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, прик­ве­чер ли, или на полноќ, или петлите кога ќе пропеат, или наутро,

36. па да не дојде ненадејно и да ве за­тече како спиете.

Прочитајте целосна глава Марко 13