16. и кој е на нива, да не се враќа за да ја земе облеката своја!
17. Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни!
18. Туку молете се, бегањето ваше да не биде зиме!
19. Зашто во тие дни ќе има неволја, каква немало досега од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да има.
20. И ако Господ не ги скрати тие дни, тогаш никој не би се спасил; но заради избраните, кои ги избра Тој, ги скрати дните.
21. Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, овде е Христос‘, или ‚Ене, таму е‘, не верувајте!
22. Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните.
23. Но вие – чувајте се! Ете, сѐ однапред ви кажав!
24. Во тие дни, по неволјите, сонцето ќе се помрачи и месечината нема да ја дава својата светлина,
25. и ѕвездите ќе паѓаат од небото, и силите, што се на небото, ќе се разнишаат.
26. И тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како иде на облаци со голема сила и слава.
27. Тогаш Тој ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.
28. Научете ја параболата од смоквата: кога нејзините гранки се подмладуваат и пуштаат лисја, знаете дека е близу летото.
29. Па така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека е близу, пред врата!
30. Вистина ви велам: нема да помине овој род, додека сето тоа не се случи.
31. Небото и земјата ќе минат, но зборовите Мои нема да минат!“
32. „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот.
33. Внимавајте, бидете будни и молете се, зашто не знаете кога ќе биде часот.
34. Како човек, кој заминувајќи, ја остава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому своја работа, и на вратарот му заповеда да биде буден.
35. Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или петлите кога ќе пропеат, или наутро,
36. па да не дојде ненадејно и да ве затече како спиете.