Нов Завет

Марко 13:11-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. А кога, пак, ќе ве поведат, за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе говорите, ниту размислувајте; туку она, што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; не сте вие што ќе зборувате, туку Светиот Дух.

12. И брат брата ќе предаде на смрт, и татко чедо, и ќе се дигнат децата против родителите, и ќе ги предадат на смрт.

13. Ќе бидете намразени од сите заради Моето име; кој ќе претрпи до крај, тој ќе биде спасен.“

14. „А кога ќе видите дека гнасниот пустошник, за кого говори пророк Даниил, стои каде што не тре­ба – кој чита, нека разбере – тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат по плани­ни­те;

15. и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од куќата своја;

16. и кој е на нива, да не се враќа за да ја земе облеката своја!

17. Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни!

18. Туку молете се, бегањето ваше да не биде зиме!

19. Зашто во тие дни ќе има неволја, как­ва немало досега од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да има.

20. И ако Господ не ги скрати тие дни, тогаш никој не би се спасил; но заради избраните, кои ги избра Тој, ги скрати дните.

21. Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, ов­де е Христос‘, или ‚Ене, таму е‘, не веру­вај­те!

22. Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните.

23. Но вие – чувајте се! Ете, сѐ од­на­пред ви кажав!

24. Во тие дни, по неволјите, сонцето ќе се помрачи и месечината нема да ја дава својата светлина,

25. и ѕвездите ќе паѓаат од небото, и си­лите, што се на небото, ќе се раз­ни­ша­ат.

26. И тогаш ќе Го видат Синот Чо­веч­ки, како иде на облаци со голема сила и слава.

27. Тогаш Тој ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.

28. Научете ја параболата од смоквата: кога нејзините гранки се подмладуваат и пуштаат лисја, знаете дека е близу ле­тото.

29. Па така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека е близу, пред врата!

30. Вистина ви велам: нема да помине овој род, додека сето тоа не се случи.

31. Небото и земјата ќе минат, но зборовите Мои нема да минат!“

Прочитајте целосна глава Марко 13