Нов Завет

Лука 13:6-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. И ја кажа оваа парабола: „Некој човек имаше во своето лозје посадена една смоква, па дојде да бара од неа род, но не најде.

7. Тогаш му рече на лозарот: ‚Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата.‘

8. А тој му одговори и рече: ‚Господаре, остави ја и оваа година, додека да ја опкопам и ѝ ставам ѓубре;

9. па, можеби ќе даде род; а ако не даде, тогаш отпосле ќе ја пресечеш.‘“

Прочитајте целосна глава Лука 13