Нов Завет

Колосјаните 4:6-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Зборот ваш секогаш да биде благодатен, зачинет со сол, за да знаете како треба на секого да му одговарате!

7. Што се однесува до мене, сѐ ќе ви со­општи Тихик, љубениот брат и верен служител и соработник во Господ,

8. кого нарочно поради тоа го испратив кај вас за да разбере како сте и да ви ги утеши срцата ваши,

9. заедно со Онисим, верниот и омилен наш брат, кој е од вас; тие ќе ви рас­ка­жат сѐ што станува овде.

10. Ве поздравува Аристарх, кој е зат­ворен со мене, и Марко, внукот на Вар­нава – за кого добивте заповед: ако дојде кај вас, примете го.

11. Исто така и Исус, наречен Јуст; тие се од обрезаните и единствени сотрудници за царството Божјо, кои ми беа утеха.

12. Ве поздравува од вашите Епафрас, служител на Исус Христос, кој секогаш во молитвите свои се грижи, да бидете совршени и исполнети со секаква волја Божја.

13. Сведочам за него дека тој има голема ревност и грижа за вас и за оние што се во Лаодикија и Јерапол.

14. Ве поздравува Лука, возљубениот лекар, и Димас.

15. Поздравете ги браќата во Лаоди­ки­ја, и Нимфана, и неговата домашна црк­ва!

16. Откако ова послание ќе биде про­чи­тано кај вас, потрудете се да биде про­читано и во лаодикиската црква, а она од Лаодикија да го прочитате и вие.

Прочитајте целосна глава Колосјаните 4