Нов Завет

Колосјаните 2:10-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. и вие да бидете исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт;

11. во Него сте и обрезани преку нера­котворено обрезание, откако го соб­ле­ковте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово;

12. откако се погребавте со Него во крштевањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.

13. И вас, кои бевте мртви во гревовите и во необрезанието на вашето тело, Тој заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови;

14. извршувајќи го ракописаниот закон, кој со своите прописи стана наш непријател, кого Тој го зеде од средината и го прикова на крстот;

15. и, откако ја зграби силата од начал­ствата и властите, Тој ги изложи јавно на позор и славејќи ја во Себе победата над нив.

16. Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млад месец или саботи;

17. тоа е само сенка на она што доаѓа, а телото е Христос.

18. Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост и служење на ангели­те, впуштајќи се во она што не го видел, гордеејќи се залудо со својот телесен ум,

19. и не се придружи кон Главата, од Која целото тело, поддржано преку зглобови и врски, расте со растење спо­ред Бога.

20. И така, ако вие со Христос умревте за почетоците на светот, тогаш зошто се препирате, како уште да живеете во светот;

21. „Не се фаќај, не вкусувај, не пипај!“

22. Сите тие се определени за рас­па­ѓа­ње – кога се управуваат според човеч­ки­те заповеди и учења.

23. Тие само наликуваат на мудрост во своеволното богослужење, во лажните понизности и во нештедењето на телото, но тоа нема никаква вредност, освен што го заситуваат телото.

Прочитајте целосна глава Колосјаните 2