Нов Завет

Колосјаните 1:15-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Тој е слика на невидливиот Бог, првороден пред секое создание;

16. бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено.

17. Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои.

18. И Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за да има првенство во сѐ.

19. Бидејќи во Него благоволи Отецот да ја насели сета полнота,

20. и преку Него да измири сѐ со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.

21. И вас, кои некогаш бевте отуѓени од Бога, и непријатели поради помисли­те кон лоши дела,

22. сега ве примири во телото на Не­го­вото тело, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непо­роч­ни и без вина,

23. само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи од надежта на Евангелието што го чув­те, кое е проповедано на секое подне­бесно создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.

24. Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во моето тело за телото Негово, кое е Црквата.

25. Нејзе ѝ станав служител по Божја наредба што ми е наложена мене за вас, за да го исполнам словото Божјо,

26. тајната, скриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии,

Прочитајте целосна глава Колосјаните 1