Нов Завет

Јаков 4:8-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани!

9. Бидете нажалени и плачете и липај­те: смевот ваш нека се претвори во плач, а радоста во тага!

10. Понизете се пред Господ и ќе ве по­дигне!

11. Не озборувајте се еден со друг, браќа: зашто, кој го озборува братот свој или го суди, тој го напаѓа Законот и го суди Законот. А ако, пак, го судиш Законот, тогаш ти не си извршител на Законот, туку судија.

12. Еден е Законодавецот и Судијата, Кој може да спаси и погуби: а ти, кој си што осудуваш друг?

13. Слушајте сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе тргнеме во оној град и таму ќе останеме една година, ќе тр­гуваме и ќе спечалиме“,

14. вие, кои не знаете што ќе стане ут­ре. Што е вашиот живот? Тој е пареа, која се појавува за кратко време, па ис­чезнува.

15. Место да велите: „Ако сака Господ да бидеме живи, ќе направиме тоа и тоа.“

16. А сега се фалите со својата гордост. Секоја таква фалба е зла.

17. И така, грев е за оној кој знае да прави добро, а не го прави.

Прочитајте целосна глава Јаков 4