Нов Завет

Јаков 3:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Не барајте, браќа мои, мнозина да станете учители, зашто знаете дека поголемо осудување ќе добиеме.

2. Сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го заузда и целото тело.

3. Ете, ако и ние на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно тело.

4. Па, ете, и корабите: иако се толку многу големи и силно гонети од бурни ветрови, со мало кормило се управуваат онаму каде што кормиларот сака;

5. а така и јазикот е мал орган, но го­леми работи зборува. Ете, мал оган, а колку голема гора запалува;

6. и јазикот е оган, свет полн со неп­равда; јазикот се наоѓа во таква по­лож­ба меѓу нашите органи, што го осквернува целото тело и го пали времето на нашиот живот, воспалувајќи се сам од пеколот.

7. Секаков вид ѕверови и птици, лазачи и риби, се скротува и се припитомува од човечкиот род,

8. а јазикот никој не може да го скро­ти: тој е немирно зло и полн со смрто­носен отров.

9. Со него Го благословуваме Бога и Отецот, со него ги колнеме луѓето создадени според подобието Божјо.

Прочитајте целосна глава Јаков 3