Нов Завет

Јаков 1:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Јаков, слуга на Бога и на Господа Исуса Христа, испраќа поздрав до дванаесетте племиња, кои живеат раселени.

2. Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија,

3. знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост:

4. трпеливоста, пак, нека биде совр­ше­но дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток.

5. Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без пригова­ра­ње – и ќе му се даде.

6. Но да моли со вера и никако да не се сомнева; зашто оној кој се сомнева, прилега на морски бран, кого ветрот го из­дига и растура;

7. таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господ.

8. Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан.

9. Братот, кој е на пониска положба, нека се фали со возвишеноста своја,

10. а богатиот – со својата понизност, бидејќи тоа е минливо како цвет од тре­ва;

11. зашто како што сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на неј­зи­ниот изглед исчезнува, така ќе овене и богатиот во својот пат.

12. Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде про­верен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат.

13. Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува,

Прочитајте целосна глава Јаков 1