12. Оние што сакаат да се фалат по тело, тие ве принудуваат да се обрезувате само за да не бидат гонети поради крстот Христов.
13. Зашто, и оние што се обрезуваат, сами не го почитуваат Законот, а сакаат вие да се обрезувате за да се пофалат со вашето тело;
14. а мене, да не ми даде Господ да се фалам со ништо друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого за мене светот е распнат, а и јас за светот.
15. Зашто во Исус Христос ниту обрезанието има некаква сила, ниту необрезанието, туку новото создание.
16. На оние што постапуваат и по тоа правило, и отсега натаму нека биде мир и милост, ним и на Израил Божји!
17. И така, никој да не ми досадува веќе, зашто јас ги носам на своето тело белезите на Исус.
18. Благодатта на нашиот Господа Исуса Христа, нека биде со вашиот дух, браќа. Амин!