поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6

Нов Завет

Галатјаните 6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани.

2. Поднесувајте го товарот еден на друг и исполнувајте го така законот Христов.

3. Зашто оној, кој сам себе се смета за нешто, а не е ништо, тој се мами самиот себе.

4. Секој нека си ги испита делата свои и тогаш ќе има пофалба пред себе са­ми­от, а не пред друг.

5. Зашто секој ќе го понесе својот товар.

6. А оној што се учи на словото, нека му дава дел од секое добро на оној што го учи.

7. Не лажете се: Бог не е за подигрува­ње. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее.

8. Кој сее во телото свое, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот.

9. Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме.

10. И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на своите по вера.

Христовиот крст и новото создание

11. Гледајте со колку големи букви ви напишав со својата рака.

12. Оние што сакаат да се фалат по те­ло, тие ве принудуваат да се обрезувате само за да не бидат гонети поради крс­тот Христов.

13. Зашто, и оние што се обрезуваат, сами не го почитуваат Законот, а сакаат вие да се обрезувате за да се пофалат со вашето тело;

14. а мене, да не ми даде Господ да се фалам со ништо друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого за мене светот е распнат, а и јас за светот.

15. Зашто во Исус Христос ниту обре­занието има некаква сила, ниту не­об­резанието, туку новото создание.

16. На оние што постапуваат и по тоа правило, и отсега натаму нека биде мир и милост, ним и на Израил Божји!

17. И така, никој да не ми досадува ве­ќе, зашто јас ги носам на своето тело белезите на Исус.

18. Благодатта на нашиот Господа Исуса Христа, нека биде со вашиот дух, бра­ќа. Амин!