3. А му сведочам пак на секој човек што се обрезува дека тој е должен да го почитува целиот Закон.
4. Вие, што посакавте да се оправдувате со Законот, Го изгубивте Христос, отпаднавте од благодатта;
5. а ние се надеваме и очекуваме оправдание од верата преку Духот.
6. Зашто во Христос Исус ниту обрезанието има сила, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку љубовта.
7. Вие трчавте добро: кој ви попречи да не се покорувате на вистината?
8. Тоа убедување не е од Оној Кој ве повика.
9. Малку квас го потквасува целото тесто.
10. Јас сум уверен за вас во Господ дека вие нема да мислите инаку; а оној, кој ве збунува, – кој и да бил, – ќе претрпи осуда.
11. А јас, браќа, ако обрезанието уште го проповедам, тогаш за што ќе ме гонат? Тогаш би исчезнала соблазната од крстот.