Нов Завет

Галатјаните 5:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Стојте во слободата, со која Хрис­тос нѐ ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем!

2. Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос ништо нема да ви помогне.

3. А му сведочам пак на секој човек што се обрезува дека тој е должен да го почитува целиот Закон.

4. Вие, што посакавте да се оправдува­те со Законот, Го изгубивте Христос, отпаднавте од благодатта;

5. а ние се надеваме и очекуваме оп­равдание од верата преку Духот.

6. Зашто во Христос Исус ниту обрезанието има сила, ниту необреза­ни­е­то, туку верата, која дејствува преку љубовта.

7. Вие трчавте добро: кој ви попречи да не се покорувате на вистината?

8. Тоа убедување не е од Оној Кој ве повика.

9. Малку квас го потквасува целото тесто.

10. Јас сум уверен за вас во Господ дека вие нема да мислите инаку; а оној, кој ве збунува, – кој и да бил, – ќе претрпи осуда.

11. А јас, браќа, ако обрезанието уште го проповедам, тогаш за што ќе ме го­нат? Тогаш би исчезнала соблазната од крстот.

12. О, да беа отсечени оние што ве бунеа!

13. Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 5