Нов Завет

Галатјаните 1:20-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

20. А за она што ви пишувам, еве, пред Бога велам дека не лажам.

21. А потоа дојдов во земјите Сириски и Киликиски.

22. На Христовите цркви во Јудеја лично не им бев познат,

23. туку само беа слушале дека оној, кој некогаш нив ги гонел, сега ја про­по­веда верата што порано ја разорувал.

24. И Го прославуваа Бога за мене.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 1