поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6

Нов Завет

Галатјаните 1 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Поздрав

1. Павле, апостол, повикан не од луѓе, ниту преку човек, туку преку Исус Христос и Бог Отецот, Кој Го воскресна од мртвите,

2. и сите браќа што се со мене – до црквите во Галатија;

3. благодат и мир вам од нашиот Бог Отец и од Господ Исус Христос,

4. Кој се даде Себе за нашите гревови, за да нѐ избави од сегашниот зол свет, по волјата на Бога, Кој е наш Отец.

5. Нему нека Му е слава во вечни ве­кови. Амин!

Едно Евангелие

6. Се чудам што така брзо се одвратувате од Оној Кој ве повика преку благодатта Христова, и преминувате кон друго Евангелие,

7. зашто и нема друго Евангелие, но има такви кои ве бунат и сакаат да го изопачат Евангелието Христово.

8. Но ако и ние самите, или пак ангел од небото ви проповеда нешто спротив­но од она што ви благовестевме ние, нека биде проклет!

9. Како што рековме порано, и сега пак повторувам: оној што ви благовестува некое поинакво Евангелие од она што го примивте – нека биде проклет!

10. Во луѓето ли сега барам благонак­лонетост, или во Бога? Или, пак, на лу­ѓето ли сакам да им угодувам? Ако бев сакал да им угодувам на луѓето, немаше да бидам Христов слуга.

Откровението на Синот Божји и мисијата на Павле

11. Браќа, ве известувам дека Еван­ге­лието, кое јас Го проповедав, не е од лу­ѓе,

12. зашто јас ниту сум го примил, ниту сум го научил од човек, туку преку от­кровение на Исус Христос.

13. Сте слушале и за моето некогашно поведение во јудејството, дека пре­ку­мерно ја гонев Божјата црква и ја ра­зо­рував;

14. и дека во јудејството напредував многу повеќе од мнозина мои врсници, бидејќи бев голем ревнител за тат­ков­ските преданија.

15. Кога Бог, Кој ме избра уште од мајчина утроба и ме повика преку Сво­јата благодат, благоволи

16. во мене да Го открие Својот Син за да благовестувам за Него меѓу незна­бошците, – веднаш, не го прашав ни телото, ниту крвта,

17. ниту, пак, отидов во Ерусалим кај оние што станаа апостоли пред мене, туку заминав за Арабија и пак се вратив во Дамаск.

18. А три години подоцна отидов во Ерусалим за да се видам со Кифа, и останав кај него петнаесет дена.

19. А, пак, од апостолите не видов ни­кој друг, освен Јаков, братот Господов.

20. А за она што ви пишувам, еве, пред Бога велам дека не лажам.

21. А потоа дојдов во земјите Сириски и Киликиски.

22. На Христовите цркви во Јудеја лично не им бев познат,

23. туку само беа слушале дека оној, кој некогаш нив ги гонел, сега ја про­по­веда верата што порано ја разорувал.

24. И Го прославуваа Бога за мене.