Нов Завет

Филипјаните 4:13-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи.

14. Но, добро направивте што зедовте учество во мојата скрб.

15. А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Еван­ге­лието, кога отпатував од Македонија, немаше ниту една срква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас;

16. зашто и во Солун, еднаш, и по вторпат ми пративте нужни работи.

17. Ова го велам не дека сакам да ми давате, туку го барам плодот кој се ум­ножува во ваша полза.

18. Добив сѐ и имам во изобилие, се пренаполнив со блага, кога го примив од вас испратениот дар преку Епа­фро­дит, кој е мирис сладок, жртва пријатна, благоугодна на Бога.

19. Мојот Бог, по Своето богатство, не­ка ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Христос Исус.

Прочитајте целосна глава Филипјаните 4