Нов Завет

Филипјаните 3:13-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене,

14. трчам кон целта – кон наградата на горното призвание од Бога во Исус Христос.

15. Ние, кои сме, пак, совршени, мислиме така; ако, пак нешто инаку мисли­те, Бог и тоа ќе ви го открие.

16. Но, само да го држиме она до кое достигнавме, да бидеме едномислени и по истото правило да продолжиме.

17. Следете го мојот пример, браќа, и гледајте ги оние што живеат според образецот што го имате во вас.

Прочитајте целосна глава Филипјаните 3