16. држејќи се за словото на животот, за моја гордост во денот Христов, дека не трчав напразно и не се трудев напразно.
17. Но, иако се излевам како жртва леаница и за служба на вашата вера, се радувам сам и се радувам со сите вас.
18. Така исто радувајте се и вие и зарадувајте ме!
19. А се надевам во Господа Исуса дека наскоро кај вас ќе го пратам Тимотеј, та и јас, откако ќе разберам како сте, да се утешам со духот.
20. Всушност, немам ниту еден истомисленик, кој толку искрено би се грижел за вас.
21. Зашто сите си го бараат своето, а не она на Исус Христос;
22. а неговата опитност е позната; тој, како син на татко, слугуваше заедно со мене при благовестувањето.
23. Него, пак, се надевам дека ќе го испратам веднаш, штом ќе дознаам што ќе стане со мене;
24. а се надевам во Господа дека и сам скоро ќе дојдам кај вас.
25. Сметам дека е потребно кај вас да го испратам братот Епафродит, мој сотрудник и соборец во војувањето, а ваш пратеник и помагач во потребите мои,
26. бидејќи тој копнееше да ве види сите вас и многу жалеше што сте чуле дека бил болен.
27. Зашто тој боледуваше дури до умирање; но Бог го помилува, и не само него, туку и мене, за да не ми се натовари една жалост врз друга.
28. Поради тоа го испратив поскоро, та, штом ќе го видите пак, да се израдувате, а јас да бидам помалку нажален.
29. Примете го, пак, во Господа со секаква радост, и такви почитувајте,