Нов Завет

Филипјаните 1:19-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

19. Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос,

20. како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се посрамам, но со сета моја храброст, ка­ко секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било со живот, било со смрт.

21. За мене, „да се живее“ значи Хри­с­тос, а „да се умре“ – придобивка.

22. Ако, пак, живеењето мое во тело ми придонесува плод на делото, тогаш што да одберам не знам.

23. Измачуван сум и од едното, и од другото: сакам да заминам и да бидам со Христа, бидејќи тоа е многу по­добро;

24. но да останам во телото е по­пот­реб­но за вас.

25. Уверен во тоа, знам дека ќе ос­та­нам и ќе пребивам со сите вас за ваш напредок и радост на верата,

26. та пофалбата ваша во Христос Исус да се умножува преку мене, кога повторно ќе дојдам кај вас.

27. Живејте само достојно за Хрис­то­во­то Евангелие, та, ако дојдам и ве видам, или пак во отсуство слушнам за вас де­ка стоите во еден дух, борејќи се едно­душно за верата на Евангелието,

28. и во ништо не се плашите од противниците; тоа е знак за нивната погибел, а за вашето спасение, и тоа е од Бо­га.

29. Зашто вам ви се даде дар поради Христос не само да верувате во Него, туку и да страдате за Него,

30. борејќи се со истата борба, каква што видовте во мене и сега слушате за мене.

Прочитајте целосна глава Филипјаните 1