17. А другите, пак, проповедаат од љубов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието.
18. Но, што од тоа? Како и да е, било дволично или искрено, Христос се проповеда; затоа се радувам и ќе се радувам.
19. Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос,
20. како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се посрамам, но со сета моја храброст, како секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било со живот, било со смрт.
21. За мене, „да се живее“ значи Христос, а „да се умре“ – придобивка.
22. Ако, пак, живеењето мое во тело ми придонесува плод на делото, тогаш што да одберам не знам.
23. Измачуван сум и од едното, и од другото: сакам да заминам и да бидам со Христа, бидејќи тоа е многу подобро;
24. но да останам во телото е попотребно за вас.
25. Уверен во тоа, знам дека ќе останам и ќе пребивам со сите вас за ваш напредок и радост на верата,
26. та пофалбата ваша во Христос Исус да се умножува преку мене, кога повторно ќе дојдам кај вас.