Нов Завет

Филипјаните 1:14-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. и дека повеќето од браќата во Гос­под, поттикнати од моите окови, се ос­мелија, без страв да го проповедаат сло­вото Божјо.

15. Некои, навистина, од завист и жел­би за кавга, а други од добра волја Го проповедаа Христос:

16. едни Го проповедаат Христа од желба да се препираат, неискрено, мислејќи дека ја наголемуваат тежината на моите окови.

17. А другите, пак, проповедаат од љу­бов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието.

18. Но, што од тоа? Како и да е, било дволично или искрено, Христос се про­поведа; затоа се радувам и ќе се радувам.

19. Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос,

20. како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се посрамам, но со сета моја храброст, ка­ко секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било со живот, било со смрт.

21. За мене, „да се живее“ значи Хри­с­тос, а „да се умре“ – придобивка.

22. Ако, пак, живеењето мое во тело ми придонесува плод на делото, тогаш што да одберам не знам.

23. Измачуван сум и од едното, и од другото: сакам да заминам и да бидам со Христа, бидејќи тоа е многу по­добро;

24. но да останам во телото е по­пот­реб­но за вас.

25. Уверен во тоа, знам дека ќе ос­та­нам и ќе пребивам со сите вас за ваш напредок и радост на верата,

26. та пофалбата ваша во Христос Исус да се умножува преку мене, кога повторно ќе дојдам кај вас.

27. Живејте само достојно за Хрис­то­во­то Евангелие, та, ако дојдам и ве видам, или пак во отсуство слушнам за вас де­ка стоите во еден дух, борејќи се едно­душно за верата на Евангелието,

Прочитајте целосна глава Филипјаните 1