Нов Завет

Евреите 1:2-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. во последниве денови ни зборува преку Синот, Кого Го постави за нас­ледник над сѐ, преку Кого ги создаде и вековите.

3. Тој е одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи сѐ со Својот моќен збор. Откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на Се­виш­ниот во висините.

4. И стана толку повозвишен од ан­ге­лите, колку што е пославно името што го наследи, во споредба со нивното.

5. Зашто кому од ангелите Бог некогаш му рекол: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес“, или пак: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе ми биде Син?“

6. Исто така, кога Го воведе Пр­во­ро­де­ниот во вселената, рече: „Нека Му се поклонат сите ангели Божји!“

7. За ангелите, пак, речено е: „Ти ги правиш ангелите Свои ветрови, а слу­жителите Свои огнен пламен“,

8. а за Синот: „Твојот престол, Боже, е вечен и жезолот на правдата е жезол на царството Твое.

9. Тебе Ти омиле правдата, а го намра­зи беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста пове­ќе од Твоите придружници.“

Прочитајте целосна глава Евреите 1