Нов Завет

Ефесјаните 3:6-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. за да бидат и незнабошците сонас­ледници, делови на едно тело, и соучес­ници на ветувањето Божјо во Христос Исус преку Евангелието,

7. на кое му станав слуга според дарот на благодатта Божја, дадена по дејство на Неговата сила.

8. Мене, најмалиот од сите светии, таа благодат ми се даде – да им го про­по­ве­дам на незнабошците неискажливото богатство Христово,

9. и да расветлам на сите во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос,

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 3