Нов Завет

Ефесјаните 2:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И вас, кои бевте мртви поради ва­шите престапи и гревови,

2. во кои живеевте некогаш според животот на овој свет, согласно со кнезот на воздухот, односно на духот, кој сега дејствува во синовите на неверието,

3. меѓу кои и ние сите некогаш живе­евме според телесните желби, из­вр­шу­вајќи ги похотите на телото и на по­мис­лите, и по природа бевме како и дру­ги­те, чеда на гневот.

4. Но Бог, Кој е богат со милост, поради големата Негова љубов, со која нѐ за­сака,

5. иако бевме мртви поради гревовите наши, нѐ оживеа во Христа,

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 2