Нов Завет

Ефесјаните 1:10-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. во уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини сѐ небесно и земно под една глава – во Христос.

11. Преку Него ние бевме избрани за наследници, однапред определени спо­ред одлуката на Оној Кој врши сѐ спо­ред волјата Своја,

12. за да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христос.

13. Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух.

14. Тој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава.

15. Ете, затоа и јас, кога слушнав за ва­шата вера во Христос Исус, и за љубовта кон сите светии,

16. постојано Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои,

17. та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете,

18. и да ги просвети очите на срцата ва­ши за да увидите во што се состои на­дежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите,

19. и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме пре­ку дејството на Неговата крепка сила.

20. Таа сила Тој ја покажа во Христос, кога Го воскресна од мртвите и Го пос­тави од Својата десна страна на небесата,

21. повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот,

22. и сѐ Му покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата,

23. која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува сѐ во сѐ.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 1