поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6

Нов Завет

Ефесјаните 1 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Поздрав

1. Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, до светиите што се во Ефес, и до верните во Исус Христос:

2. благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и Господ Исус Христос!

Неизмерна благодат

3. Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови со секаков духовен благос­лов од небесата во Христос,

4. така што и нѐ избра преку Него, уш­те пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта,

5. предопределувајќи нѐ за посинување за Себе преку Исус Христос, зашто тоа Му беше по волја,

6. за да биде фалена славата на Него­вата благодат, со која нѐ дарува преку Својот Возљубен Син,

7. во Кого имаме откуп преку Негова­та крв, простување на гревовите по бо­гатството на Неговата благодат.

8. Таа благодат Тој ни ја даде изобилно заедно со сета мудрост и разум,

9. откако ни ја откри тајната на Своја­та волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано

10. во уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини сѐ небесно и земно под една глава – во Христос.

11. Преку Него ние бевме избрани за наследници, однапред определени спо­ред одлуката на Оној Кој врши сѐ спо­ред волјата Своја,

12. за да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христос.

13. Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух.

14. Тој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава.

Молитва за просветление

15. Ете, затоа и јас, кога слушнав за ва­шата вера во Христос Исус, и за љубовта кон сите светии,

16. постојано Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои,

17. та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете,

18. и да ги просвети очите на срцата ва­ши за да увидите во што се состои на­дежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите,

19. и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме пре­ку дејството на Неговата крепка сила.

20. Таа сила Тој ја покажа во Христос, кога Го воскресна од мртвите и Го пос­тави од Својата десна страна на небесата,

21. повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот,

22. и сѐ Му покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата,

23. која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува сѐ во сѐ.