Нов Завет

Дела 8:25-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

25. И така, откако посведочија и зборуваа за словото Господово, тргнаа кон Ерусалим, проповедајќи го патем Еван­гелието во многу села самарјански.

26. А на Филип му рече ангел Гос­по­дов: „Стани и тргни на југ, по патот што води од Ерусалим за Газа, кој е пуст.“

27. Тој стана и тргна; и ете, еден човек од Етиопија, евнух, висок достоинстве­ник на Кандакија, етиопската царица, кој беше чувар на сите нејзини ризници. Тој дошол во Ерусалим на поклонение,

28. а сега се враќаше и, седејќи в кола, го читаше пророкот Исаија.

29. Духот, пак, му рече на Филип: „Приближи се и застани до колата!“

30. Филип побрза, и, откако чу дека тој го чита пророк Исаија, му рече: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“

Прочитајте целосна глава Дела 8