Нов Завет

Дела 5:33-42 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

33. Кога го слушнаа тоа, тие се разлу­ти­ја и мислеа да ги убијат.

34. Но во Синедрионот стана тогаш еден фарисеј, по име Гамалиил, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда за кратко време да ги изведат апостолите надвор,

35. а ним им рече: „Луѓе Израилци, размислете добро што ќе правите со овие луѓе!

36. Зашто, пред извесно време се крена Тевда, кој зборуваше за себеси дека е тој голем човек, и му се придружија четиристотини мажи; тој беше убиен, и сите што му поверуваа, се разотидоа и исчезнаа.

37. По него, во време на пописот, се крена Јуда Галилеецот и повлече по се­бе доста народ; но и тој загина и сите што го следеа се растурија.

38. И сега ви велам – оставете ги овие луѓе на мир, не гибајте ги; зашто, ако е таа замисла или тоа дело од луѓе, ќе се разруши;

39. а ако е, пак, од Бога, вие не можете да го разрушите; внимавајте да не ста­нете борци против Бога!“ Тие го пос­лу­шаа,

40. и откако ги повикаа апостолите, ги натепаа и им заповедаа да не зборуваат во името на Исус, па ги пуштија.

41. А тие излегоа од Синедрионот ра­досни, зашто беа удостоени да поднесат измачувања за името на Господ Исус.

42. И секој ден во храмот и по куќите не престануваа да поучуваат и да бла­го­вестат дека Исус е Христос.

Прочитајте целосна глава Дела 5