Нов Завет

Дела 3:14-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. Но вие се одрековте од Светиот и Праведниот и побаравте да ви се ослободи човек убиец,

15. а Го убивте Зачетникот на животот, Кого Бог Го воскресна од мртвите; за тоа сме ние сведоци.

16. И поради верата во Неговото име, овој, кого вие го гледате и познавате, го потврди името Негово; а верата во Него го исцели и овој човек пред сите вас.

17. А сега, браќа, знам дека вие тоа го направивте од незнаење како и вашите началници.

18. А Бог, она што однапред го навести преку устата на сите пророци Свои, односно дека Христос ќе пострада, тоа и го исполни.

19. Покајте се, пак, и обратете се, за да се очистите од гревовите ваши,

20. за да дојдат од Господа времиња за освеување и Тој да ви Го прати вам претскажаниот Исус Христос,

21. Кого небото треба да Го прими до она време, кога ќе се воспостави сѐ што беше рекол Бог преку устата на сите Свои пророци од создавањето на светот.

22. Мојсеј им беше рекол на тат­ковците: ‚Господ Бог ваш од браќата ваши ќе ви издигне Пророк како мене; Него послушајте го за сѐ што ќе ви рече!‘

23. И секој што не ќе Го послуша тој Пророк, ќе биде истребен од народот.

Прочитајте целосна глава Дела 3